Обемна полициска акција за пронаоѓање и лишување од слобода на лица, соработници и логистичари на криминално-терористичката група од кумановското Диво Насеље почна полицијата утрината.
Според првичните информации, веќе се приведени неколку јатаци и во согласност со договорот со надлежниот обвинител за гонење на организиран и сериозен криминал, уапсените веднаш ќе се носат пред надлежниот судија.
Претресите продолжуваат во скопско и кумановско, а повеќе детали ќе бидат познати во текот на денот, по завршување на акцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.