Уапсен е директорот на Управата за животна средина и уште двајца вработени во Министерството за животна средина и судот им одреди превентивни мерки. Тројцата вработени се уапсени за несовесно работење и за примање поткуп.
Освен директорот на Управата за животна средина, уапсен е и еден инспектор и еден помлад соработник, објави „Телеграф“.
Основниот суд Скопје 1- Скопје им определи превентивни мерки: забрана за напуштање на живеалиште/претстојувалиште, обврска лицaта повремено да се јавуваат кај определено лице во Судот и забрана за преземање определени работни активности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст