| четврток, 6 декември 2018 |

Уапсен директорот на Управата за животна средина

Уапсен е директорот на Управата за животна средина и уште двајца вработени во Министерството за животна средина и судот им одреди превентивни мерки. Тројцата вработени се уапсени за несовесно работење и за примање поткуп.

Освен директорот на Управата за животна средина, уапсен е и еден инспектор и еден помлад соработник, објави „Телеграф“.

Основниот суд Скопје 1- Скопје им определи превентивни мерки: забрана за напуштање на живеалиште/претстојувалиште, обврска лицaта повремено да се јавуваат кај определено лице во Судот и забрана за преземање определени работни активности.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top