Доколку ја скршите наплатната рампа на патарина, полицијата трајно ќе ви го конфискува возилото. Покрај одземањето на возилото, ќе платите и глоба во износ од 500 евра. Оваа новина доаѓа со измените на Законот за јавни патишта. Доказ против вас ќе бидат снимките од камерите на патарините.
Попрецизно се регулира и одобрувањето и поставувањето натписи, реклами, табли и инсталации во заштитниот појас на државните патишта, како и заштитни огради и столпчиња на патиштата во општините и во Град Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.