Раскошните подземни градби чинат 16 милијарди долари и опремени се со луксузни базени, вежбалници, така што на најбогатите нема да им биде досадно додека остатокот од светот се грижи за преживувањето горе на земјата.
Кога ќе дојде крајот на светот, дури ниту најбогатите луѓе на светот нема да бидат поштедени. И тие се свесни за тоа, па со своите пари купуваат карта за Армагедон, огромни постапокалиптични бункери под земјата.
Додека сѐ уште „не гори под нозете“, богатите имаат можност да купат „место под земјата“, но во овој случај местото каде што би бил возможен живот, е бункер од пет ѕвездички во Рохтенштајн во Германија, каде би можеле да преживеат година дена, колку што не би можеле да излезат на површина.
Овие апартмани може да си ги дозволат само одбраните, односно 34 најбогати семејства во светот.
Раскошните подземни градби чинат 16 милијарди долари, секоја, и се опремени со луксузни базени, вежбалници и кина, сѐ со цел на најбогатите да не им биде здодевно додека остатокот од светот ќе се бори за опстанок. Апартманите нудат совршен спој на безбедност и на луксуз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вучиќ: Немаме планови за војна, но не го признаваме Косово
-
Се запали црвениот аларм: Американскиот систем на тревога ДЕФКОН очекува можна нуклеарна војна!
-
Народот излезе на Плоштад Македонија во одбрана на името Македонија
-
Сексапилната бразилка: Мојот задник ќе ги предвидува резултатите на Светското во фудбал