Електронско плаќање даноци со безготовинска картичка, е новата услуга на Управата за јавни приходи (УЈП) која овозможува секој граѓанин да врши он-лајн плаќање на персонален данок, ДДВ и радиодифузна такса со безготовинска картичка Виза, Маестро или Мастеркард (издадена од домашна банка).
Регистрацијата на „е-Плаќање на даноци“ е бесплатна, не е потребен дигитален сертификат. Граѓанинот само треба да креира кориснички профил на електронскиот сервис „е-Плаќање на даноци“ на https://etax.ujp.gov.mk
– Услугата „е-Плаќање на даноци“ овозможува да заштедите време, да ги избегнете каматите за задоцнето плаќање и како даночен обврзник (физичко лице) да вршите он-лајн преглед и плаќање на вашите даночни долгови за персонален данок, ДДВ и радиодифузна такса. Единствено што треба да направите е да се регистрирате и да креирате ваш кориснички профил на електронскиот сервис „е-Плаќање на даноци“ – информира УЈП.
Покрај електронско плаќање даноци, со регистрацијата и користењето на оваа услуга, граѓанинот може да врши преглед и во секое време да има увид во состојбата на даночните долгови.
Новата услуга за интернет плаќање на даноци е автоматски овозможена за 23.328 даночни обврзници – физички лица кои се веќе регистрирани корисници на електронските сервиси на УЈП со или без дигитален сертификат (е-Радиодифузна такса, е-Поднеси даночна пријава).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пензионерите што немаат дополнителни приходи не треба да се регистрираат за е-персонален данок
-
Возило на УЈП превртено стои во река – друго удрено во Битола
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок
-
УЈП ќе шпионира кој работи за странство