| четврток, 6 декември 2018 |

Половина од вкупното богатство на светот е во рацете на еден отсто од популацијата

Истражувањето на реномираната швајцарска банкарска организација „Кредит Свиз“ покажа дека еден отсто од светската популација е сопственик на сите пари во светот.

Студијата покажала дека дошло и до раст на таканаречената „средна класа“ што се одразило на „високата класа“.

– Богатството на средната класа порасна на сметка на високата класа. Со други зборови, на просечен жител на Земјата денеска е потребно богатство од само 3.210 долари за да се вброи во графата 50 отсто богати. Околу 68.000 долари осигуруваат место во 10 отсто најбогати, додека само отсто од жителите живеат со повеќе од 759.900 долари – пишува во извештајот на „Кредит Свиз“.

Околу 3,4 милијарди луѓе или 70 отсто од светската популација живеат со помалку од 10 илјади долари, а дополнителните милијарда жители спаѓаат во оние кои имаат меѓу 10 и 100 илјади долари. Остатокот од 383 милиони возрасни, односно осум отсто од популацијата има богатство поголемо од 100 илјади долари.

Во тој број се вклучени дури 34 милионери кои се од САД. Според истражувањето, околу 123.800 од тие луѓе поседуваат повеќе од 50 милиони долари, додека близу 45 илјади луѓе имаат богатство поголемо од 100 милиони. Меѓутоа, првпат откако се работат вакви истражувања, Кина има повеќе припадници на средната класа отколу САД и тоа 109 милиони наспроти 92 милиони Американци припадници на средниот сталеж.

Истражувањето покажало дека глобалните залихи на парите во оваа година паднале за 12,4 трилиони долари, така што сега изнесуваат 250 трилиони.

– Ова е најнов доказ дека екстремната неизбалансираност е надвор од контрола. Дали навистина сме среќни што живееме во свет каде што еден отсто од сите жители на земјата го имаат во свои раце светското богатство, а најсиромашни се само еден отсто – е заклучкокот на „Кредит Свис“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top