| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ се пере за штетните барања во разговорите, под притисок на јавноста брифира невистини

ZGRADATA-NA-VMRO
ВМРО-ДПМНЕ го демантира написот во Дојче Веле дека главниот фокус на владејачката партија во разговорите околу изборниот законик и била темата за распределбата на парите од изборите.

Од партијата брифираат дека за ВМРО-ДПМНЕ многу поважни се прашањата поврзани со гласањето на дијаспората, регулирањето на работата на ДИК, обезбедуваеето на механизми со кое ќе се потврди објективноста и довербата на изборниот процес.

Ваквите дезинформации, тврдат од ВМРО-ДПМНЕ претставуваат свесно пренасочување на вниманието од нелогичните и штетни предлози на СДСМ во текот на разговорите. Тоа преставува начин да се исперат себеси и да ја префрлат одговорноста од таквото делување кое е штетно и за граѓаните и за Република Македонија, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку од она што е познато главната битка во разговорите е за прашањето за глас на дијаспората, за што СДСМ се бори со петни жили да ја елиминира и да им го ускрати правото на глас, нешто на што ВМРО-ДПМНЕ била остро против. За сметка на поддршка против гласањето на дијаспората, СДСМ се испазарила со ДУИ за поддршка за воведување на бадинтер во одлучување на работата на ДИК, што според многуммина експерти е опасен принцип и чекор пред федерализација каде ќе се одлучува по етнички принципи, а не врз основа на докази и факти.

СДСМ под притисок на јавноста и немањето на поддршка од граѓаните брифира и изнесува невистини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top