| четврток, 6 декември 2018 |

Трикови против прејадување од досада

Дали некогаш сте се запрашале колку би јаделе само кога сте навистина гладни, или кога да престанете да јадете кога сте сити?

Worried-woman-eating-hamburger

Исклучувајќи ги деновите кога имате ПМС или сте под голем стрес, прејадувањето треба да го избегнувате во секоја прилика, а што е најинтересно, не се прејадуваме затоа што сме гладни, туку најчесто – од чиста досада.

Нема личност која барем некогаш не јаде само за да го прикрие тоа непријатно чувство, а последица од тоа често е грижа на совеста и некој килограм вишок. Но, еве како да си помогнете. Откриваме седум начини како да ставите крај на оваа лоша навика:

Викнете ја пријателката
Наместо да посегнете по храна, посегнете по телефонот и јавете ѝ се на пријателката со која не сте се слушнале некое време. Занимливостите кои ќе ги чуете ќе ви ги оттргнат мислите од храната.

Лакирајте ги ноктите
Ова е oдличен трик за држење на прстите подалеку од чипсот. Додека лакот ви се суши нема да ви падне на памет да јадете нешто.

Чистете
Плакарот, паричникот, чантите, фиоките, кујната… не е важно што спремате или чистите, важно е секогаш рацете да ви бидат зафатени. Наместо да се дебелеете, бидете продуктивни.

Прошетајте
Десетминутна прошетка низ маало е доволна да ви ги одврати мислите од грицкањето од досада. Освен тоа, добро е и за кондицијата.

Напијте се вода
Непосредно пред јадењето испијте неколку голтки вода, а истото направете го и за време на јадењето. Ао чувствувате дека после ручекот можете уште да јадете, пак напијте се вода и по неколку минути веројатно нема веќе да бидете гладни.

Ставете ја храната во чинија
Кога ќе ви дојде неконтролирано да јадете сѐ што ќе најдете во фрижидерот, на чинијата ставете само здрава храна богата со здрави јаглехидрати, белковини и масти. На тој начин ќе имате увид колку сте изеле.

Џвакајте гума за џвакање
Желбата за грицкање после ручекот сигурно не е поради глад, па за да не се прејадете џвакајте гума за џвакање. На вашата уста и треба нешто што ќе го одвлече вниманието од храната.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top