| четврток, 6 декември 2018 |

Што носи кралицата Елизабета во својата чантичка? (ФОТО)

Кралицата Елизабета Втора никогаш не носи пари со себе, освен во недела, открил извор од дворот на кралицата за најновиот број на списанието „Ју Ес Викли“.

Elizabeta-torba

– Елизабета донира пари во корпата за собирање пари во црква –  вели извор.

– Нејзиниот батлер подготвува банкнота од пет фунти виткајќи ја во мал квадрат, се додека може да се гледа само нејзиното лице – открил изворот.

Историчарот Сали Бедел Смит, кој правел интервју со пријатели и роднини на британската монархија, во биографијата за кралицата Елизабета напишал дека таа во својтата чантичка носи таблети за грло, очила за читање, наливно перо, кармин и марамчиња.

Иако Елизабета често не носи пари со себе, тоа дефинитивно не и фали.|

Нејзиното богатство се проценува на 340 милиони фунти, но според истражувачите од Лондонската шола за маркетинг, владарката не е толку богата како Дејвид и Викторија Бекам, чие богатство се проценува на околу 470 милиони фунти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top