Кралицата Елизабета Втора никогаш не носи пари со себе, освен во недела, открил извор од дворот на кралицата за најновиот број на списанието „Ју Ес Викли“.
– Елизабета донира пари во корпата за собирање пари во црква – вели извор.
– Нејзиниот батлер подготвува банкнота од пет фунти виткајќи ја во мал квадрат, се додека може да се гледа само нејзиното лице – открил изворот.
Историчарот Сали Бедел Смит, кој правел интервју со пријатели и роднини на британската монархија, во биографијата за кралицата Елизабета напишал дека таа во својтата чантичка носи таблети за грло, очила за читање, наливно перо, кармин и марамчиња.
Иако Елизабета често не носи пари со себе, тоа дефинитивно не и фали.|
Нејзиното богатство се проценува на 340 милиони фунти, но според истражувачите од Лондонската шола за маркетинг, владарката не е толку богата како Дејвид и Викторија Бекам, чие богатство се проценува на околу 470 милиони фунти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.