| четврток, 6 декември 2018 |

Владимир Путин: Излегуваме од кризата

vladimir-putin-izlizame-ot-krizata-331686

Кризата помина, рече рускиот претседател Владимир Путин, пренесе „Интерфакс“. Денес претседателот на најголемата земја по територија во светот, зборуваше на бизнис-форум во Москва.
– Некои експерти сметаат дека економската криза е надмината и нашето стопанство се приспособува или успешно се адаптира на новите услови и јас лично целосно се согласувам со нив – категоричен беше тој.
– Може да се зборува за првите знаци на стабилизација, иако во некои сектори сè уште се забележува пад – рече Путин.
Тој ги наведе податоците за инвестициите. Според него, во третиот квартал од оваа година е забележан одржлив прилив на капитал во земјата предводена од него.

Претседателот, исто така, ја пофали владата на Дмитриј Медведев и раководството на централната банка на земјата за добро завршената работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top