| четврток, 6 декември 2018 |

Трајковски најде ангажман во странство, му заврши „отворениот“ договор со Работнички

Крилниот центар на македонската кошаркарска репрезентација, Бојан Трајковски, кариерата ќе ја продолжи во грчкиот шампионат во екипата на Аполон Патрас.
Оваа информација ја објави порталот „Еуробаскет“, според кој крилниот центар веќе ги договорил сите детали од соработката и веќе за следниот натпревар ќе му биде на располагање на стручниот штаб на Аполон.
Трајковски настапи во првото коло од домашниот шампионат за Работнички во поразот од Кожув со кој потпиша „отворен“ договор, односно ќе биде во тимот сѐ додека не најде ангажман во странство без никакво обештетување.
Репрезентативецот не криеше дека преговара за ангажман надвор од границите на нашата земја, по што веднаш по потписот на договорот со Аполон си замина од „Градски парк“.
Тој го мина првиот дел од ланската сезона во полскиот прволигаш Енерга Чарни, по што се пресели во редовите на Сигал Приштина, тим со кој триумфираше во БИБЛ-лигата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top