Вчера попладне, во 16.40 часот во Скопје на фудбалскиот стадион на ФК Локомотива, за време на фудбалскиот натпревар меѓу ФК Локомотива од Скопје и ФК Гоблен од Куманово, од страна на член на управата било побарано да биде отстранет Н.Ќ.(50), навивач што бил пред гардеробите, а не смеел да биде таму.
Од страна на полициски службеник му било наредено да излезе на што Н.Ќ. се оглушил на наредбата и почнал вербална расправија, а потоа и физички го нападнал полицискиот службеник.
Истиот е приведен, извршен е разговор и по целосното расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Под засилени безбедносни мерки и само со покани утрешниот ракометен натпревар меѓу Грција и Македонија
-
Драмата доби среќен крај: Навивачот кој се изгуби во Скопје е на пат за дома!
-
Навивач на Ренџерс исчезна во Скопје, цела Шкотска на нозе
-
И Мик Џегер го следеше натпреварот меѓу Хрватска и Англија (видео)