| четврток, 6 декември 2018 |

Навивач нападнал полицаец на натпреварот Локомотива-Гоблен

Вчера попладне, во 16.40 часот во Скопје на фудбалскиот стадион на ФК Локомотива, за време на фудбалскиот натпревар меѓу ФК Локомотива од Скопје и ФК Гоблен од Куманово, од страна на член на управата било побарано да биде отстранет Н.Ќ.(50), навивач што бил пред гардеробите, а не смеел да биде таму.

Од страна на полициски службеник му било наредено да излезе на што Н.Ќ. се оглушил на наредбата и почнал вербална расправија, а потоа и физички го нападнал полицискиот службеник.

Истиот е приведен, извршен е разговор и по целосното расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top