Во периодот од 23.30 часот до 00.45 часот синоќа засега од непознати причини се опожарени десетина патнички моторни возила, на неколку улици во Куманово.
Како што информираат од МВР, приведено е едно лице и се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот и за откривање на причините за опожарувањето на возилата.
Инаку, од страна на противпожарната единица во Куманово навремено е реагирано и е изгаснат пожарот во возилата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



