Американски бизнисмен ја запросил Теодора Куниќ, ќерката на познатата „лото девојка“, Сузана Манчиќ.
Имено, посилната половина на Теодора ја изненадил со свршенички прстен кој ѝ го дал во Виена, каде биле на ручек кој бил организиран за негови блиски пријатели .
Медиумите пренесуваат дека нејзиниот избраник е постар речиси дваесет години од неа, но на неа тоа воопшто не ѝ пречи.
-Сѐ беше многу романтично и емотивно. Јас не присуствував, но знаев дека тоа ќе се случи. Многу емотивно реагирав, таа е моето прво дете, мојата гордост. Сепак, тажно е за секоја мајка кога детето ѝ заминува од дома. Сѐ додека на неа ѝ ѐ добар, сѐ дотогаш и за мене ќе биде добар. Тој е американски државјанин, се занимава со бизнис, а моментно одбираат место во Европа каде што ќе купат куќа“ – изјавила Сузана за медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.