| четврток, 6 декември 2018 |

Секс скандал во база на НАТО (фото)

Секс скандал се случил во воена база на НАТО. Американскиот поручник Барет Еменхајзер, распореден во Британија, е еден од војниците на НАТО кои ги изневерувале своите сопруги со аналитичарката Лора Диксон.

skajndal.jpg-500

Аналитичарката се сомничи дека имала тајна афера со таткото на две деца и уште тројца негови, исто така оженети, колеги. Прељубата е строго забранета според правилата на американската војска па на Еменхајзер му се заканува отказ иако се истакнувал во текот на мисиите во Ирак и Авганистан.

Според зборовите на поранешното момче на Лора, кој целиот случај го пријавил на челниците на НАТО базата во Глостер, таа ги „користела воените мисии зближување со војниците и задоволување на своите неконтролирани сексуални апетити“.

Во писмо испратено до челниците на базата, поранешното момче на Лора навел дека се чувствува изиграно.

– Додека јас го планирав нашиот заеднички живот таа позади мојот грб спиела со оженети мажи. Додека бирав плочки за бањата, неа ја врзувале и удирале по задникот, напишал Ворен Хауард, исто така поранешен војник.

Аферата на Лора Диксон и Барет Еменхајзер почнала во текот на заедничката задача во Норвешка, а продолжила во Велика Британија.

– Бев сомничав бидејќи ме изневерувала и порано. Кога пријателите ми потврдија дека се гледа со него бев скршен, напишало поранешното момче на аналитичарката.

Неговото писмо ги навело уште тројца војници од базата во Глостер јавно да проговорат за своите односи со Лора.

Поручникот на британската восјка Кол Крили, исто така татко на две деца, би можел да добие казна од министерството за одбрана поради вонбрачната афера. Поранешниот воен пилот Скот Викс признал дека со незаситната аналитичарка разменувал порнографски пораки, но порекнува дека биле во врска.

Неговиот колега Џејмс Вокер открил дека моментално проаѓа низ развод на бракот, поради тоа што неговата сопруга открила дека неговиот однос со Лора Диксон претставувца нешто повеќе од пријателство.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top