| четврток, 6 декември 2018 |

Михајловиќ добил список од осум заповеди од Берлускони

Срскиот тренер Синиша Михајловиќ се наоѓа во многу незгодна ситуација во екипата на Милан. Тој ја презема тренерската функција во илтаијанскиот гигант ова лето со цел да го врати клубот на старите патеки, кога жареше и палеше во Европа.
Сепак резултатите не го покажуваат тоа иако доби од раководството на тимот 100 милиони евра за засилувања.
По дебаклот од Наполи на „Сан Сиро“ од 0-4 како што пренсува реномираниот италијански весник „Кориере дело спорт“ Михајловиќ веќе добил список од сум барања од претседателот Берлускони кои ќе мора да ги спроведе ако сака да остане на клупата на „росонерите“.

1. Да игра во формација 4-4-2, за тимот да делува поцврсто на средината од теренот.

2. Да најде место за Мексес, Де Јонг и Балотели, кои би го предводеле тимот напред со оглед на искуството и борбеноста (иако Супер Марио не се вклопува во оваа идеја на големиот газда).

3. Да добие најмалку две од следните три средби против Торино, Сасуоло и Киево, за тимот да тргне напред во горната половина на табелата.

4. Милан да биде тимот што ќе ја диктира играта на своите натпревари и да доминира на средината од теренот.

5. Почесто да им дава шанса на Калабрија и на Ромањоли, најмладите играчи во тимот.

6. Минимум што треба да го оствари е третото место на табелата и камбек во Лигата на шампионите.

7. Да не потклекне под медиумскиот притисок и да покаже силен карактер.

8. На секој начин да избегне тешки порази во иднина, слични на оној на домашен терен од Наполи (0-4).

Останува да се види колку е реално Михајловиќ да ги оствари овие барања на својот газда, но јасно е дека Србинот ќе се обиде да го стори тоа, со оглед на фактот дека на последниот пријателски меч со Монца почна да ја воигрува формацијата 4-4-2, која се најавува и за следниот калчолигашки меч против Торино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top