Запознавањето на различните култури и секојдневното соочување со бројни предизвици се причина скопјанката, Ивана Чолаковска веднаш по завршувањето на правните студии на отсекот меѓународно право да се одлучи за ова патување, објави „Телма“.
Во моментов Ивана и нејзиниот сопруг се во Мексико и ги прават своите планови за следните дестинации.
Тука ќе останеме наредниве два три месеци, затоа што сакаме да посетиме што поголем број локации и од Мексико продолжуваме во Америка, Канада и Аљаска.
Од Аљаска треба да најдеме начин да преминеме преку Русија или не знам каде точно за да се вратиме назад. Русија, Монголија, повторно централна Азија за да се вратиме назад до Македонија, додава Ивана Чолаковска.
Ваквите патувања се исполнети со многу ризици, имајќи го предвид теренот и временските услови.
Силната мотивација и желбата да се афирмира Македонија низ светот се најважно нешто, вели Ивана.
Во овие две и пол години низ овие 39 земји се трудам во најдобро светло да ја претставам република Македонија, постојано си патувам со малечко знаменце, се фотографирам со знаменцето на сите најважни места. Кога ќе кажам од македонија не знаат каде се наоѓа Македонија, така што за мене претставува огромно задоволство да им објаснам и да им покажам на мапа каде се наоѓа и да им објаснам малку за културата, за историјата и традицијата во Македонија, вели таа.
За овој подвиг на Ивана за време на патувањата се информирале многу меѓународни фирми за производство на мотори кои веднаш се одлучиле да им помогнат со опрема која ќе им биде потребна на претстојните патувања. Гостопримливоста на луѓето во земјите кои ги посетиле, посебно во малите селца каде имале можност да преноќат се драгоцени имајќи предвид дека секое утро носи нови предизвици за кои се потребни издржливост и авантуристички дух.
За сите предизвици со кои се среќава Ивана Чолаковска на ова патување може да се информирате на нејзината фејсбук страна www.facebook.com/aroundgaia и на веб страната www.aroundgaia.com
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.