| четврток, 6 декември 2018 |

Директорот на „Фолксваген“ призна

Михаел Хорн, директорот на Фолксваген (ФВ) во САД, призна пред конгресот дека информацијата за можни лажни податоци за емисијата на издувни гасови, ја дознал уште во пролетта 2014 година.

Според неговите зборови, тој бил известен дека регулативата на Агенцијата за заштита на животната средина (EPA), вклучува многу казни, доколку не се почитуваат стандардите за емисија на гасовите, но дека инженерите на ФВ во САД биле подготвени „да соработуваат со претставниците на EPA, со цел да го отстранат постоечкиот проблем“

Сепак, во пишаното сведочење Хорн тврди дека дури на 3. Септември годинава, компанијата им соопштила на претставниците на ЕPA за недосволената емисија на гасови во моделите кои се произведни и пуштени во продажба меѓу 2009 и 2015 година.

Поради оваа афера ФВ веќе загуби околу 20 отсто од својата пазарна вредност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top