| четврток, 6 декември 2018 |

На велешката Питијада за два дена изедени околу 22 илјади пити и испиени 4,6 литри вино

На 37-те штандови на Питијадата во Велес за два дена потрошени се 21.782 пити и испиени се 4.573 литри вино, информира денеска градоначалникот Славчо Чадиев.

Дванаесеттата велешка Питијада, според Чадиев, ќе биде продолжена и утре поради дождот што ја зафати земјава викендов. Според него, ќе трае до 19 часот, за потоа да се ослободи главната улица на која се поставени штандовите.

Настапот на велешките групи и на пеачите Орхидеја Дуковска и Мики Секуловски е одложен за утре, бидејќи поради обилните врнежи од дожд синоќа не можеа да ги забавуваат присутните.

Концертот на Ју групата „Парни Ваљак“ синоќа се одржа под пороен дожд, поради што наместо со два часа настапија со скратена програма од 70 минути. Концертот и покрај дождот го проследија голем број велешани и гости.

„Жито Маркети“ на посетителите бесплатно им делеше од џиновската пита со димензии на онаа која претходно, дента беше подготвена од велешките пита мајстори и продавана за хуманитарни цели. Питата беше 3,5 метри долга и широка еден метар, подготвена од 30 килограми брашно, 15 килограми месо и 200 јајца.

Денеска на бината настапија играорци од Пехчево, а потоа и од КУД „Коле Неделковски“ од Велес.

Вечерва на велешката „Питијада 2015“ ќе настапат Ален Хасановиќ, Филип Божиновски, Александар Тарабунов, Фолтин, Калиопи и ДНК.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top