Невина во триесетите години? Што не е во ред со неа? Веројатно сè е во ред, но тешко дека би можеле да го избегнете ова прашање ако сте и вие во тие години, а сè уште не сте запловиле во авантурите на сексот. Токму таков пример се Ана и Марија, а еве и со што сè се соочуваат тие откако ја откриле својата тајна…
Велат дека сексот денес продава сè, а ако малку се свртите околу вас ќе сфатите дека тоа е навистина така.
Дури и во рекламите за паста за заби атрактивните девојки симулираат орален секс, а рекламите за алкохол ретко може да минат без разголени “тетки”, а пак да не ги споменуваме и филмовите, кои што во ниту еден случај не можат да поминат без секс…
Дури и ако се работи за воен филм или филм со астронаути!
И некако се чини како, сите ние да се навикнавме на сето тоа. Сексот е општо присутен и достапен. Пред да ме прогласите за пуританка, навистина немам ништо против сексуалната слобода, но сепак ми се чини дека претеруваме. Во тоа претерување забораваме дека сè уште постојат луѓе кои што се во своите дваесети или триесети години и кои што се сè уште невини. За тоа се говори исклучително ретко. Всушност оваа тема се избегнува максимално.
Ниту се огласуваат тие, ниту прашуваме ние, а тоа е така веројатно затоа што “знаеме” дека веќе го направиле “тоа”. А што ако и не го направиле? А веќе ги дувнале и 28-те свеќички на тортата? Или можеби биле 32 на број?
Е, токму тука спаѓа и мојата пријателка Ана. Заедно учевме во средно училиште, се знаеме од 15-тата година и заедно стигнавме до 27-мата година. И знам дека Ана, сега дипломиран професор по англиски јазик, е прекрасна девојка. И навистина е убава. Со години тренираше одбојка, и тоа е навистина очигледно и на нејзиното тело. Има руса коса и топли темни очи. Но, нема момче. Ниту пак имала некогаш до сега.
Што не е во ред со неа?
“Токму тоа често ме прашуваат оние кои што знаат дека сум невина, но со мене е навистина сè во ред, навистина. Само што ете, никогаш не сум спиела со некое момче. Досега излегував со повеќе момчиња, но сето тоа се завршуваше после само неколку состаноци. Никогаш до сега не сум била во сериозна врска. Затоа и престанав да им кажувам на луѓето било што. Всушност, и никој не ме прашува ништо, бидејќи имам 27 години, па прашањето за невиноста повеќе и не се поставува”, вели Ана.
Конкретна причина поради која Ана е и понатаму девица не постои. Најчеста предрасуда е дека се работи за повлечени личности, но тоа не мора да биде така. Ниту недостатокот од прилики не е нејзина приказна, бидејќи знам дека имало повеќе такви. Просто и едноставно, тоа не се случило до сега.
Пријателките кои што ја знаат нејзината “мрачна тајна” се во ред, но кога се работи за мажите, тие неретко се прашуваат дали е таа нормална, се чудат како тоа воопшто не ѝ недостига, но и неретко помислуваат дека треба да ја сфатат како трофеј. Машката суета по тоа прашање е огромна, а да се биде “прв” за повеќето од мажите е како… па веројатно исто како и првото место на Светското првенство во фудбал. Токму затоа кај Ана преовладува стравот. Сега веќе таа и се плаши дека би можела да “падне” во погрешни раце.
“Сега веќе имам проблем. Пред месец дена станав многу блиска со еден колега, кого искрено, од претходно не го ни забележував. Сè започна да води кон тоа да почнам да размислувам дека треба да му кажам дека сум невина, но не знам како да го направам тоа. Се плашам од неговата реакција, особено затоа што е повозрасен од мене, а и затоа што никој од моите пријатели во фирмата не знае за тоа. Можеби е глупаво, но не би сакала никој да го дознае тоа. Свесна сум дека немам од што да се срамам, но исто така, верувам и дека би ме сметале за изрод”, вели Ана.
Истиот проблем го има и Марија (31). Таа вели дека би ѝ било срам кога било кој би ја открил нејзината тајна. На прашањето поради што, таа го дава и истиот одговор – страв од осуда и љубопитни прашања.
Марија била во сериозна врска кога имала 19 години, но после неколку месеци “чекање” момчето ја оставило. После тоа таа се гледала со повеќе момци, но поминало доста време до моментот кога таа повторно решила да се впушти во врска. И токму тогаш доживеала момчето со кое што била три месеци да ја остави затоа што е девица. Тој ѝ кажал дека сепак нема волја за тој да биде токму оној кој што “ќе ја учи”. А потоа и ја запрашал – ‘Што си чекала до сега?’. Уште и при споменување на оваа тема, која што таа сепак повеќе би сакала да ја прескокне, неретко била запрашана и дали е лезбејка…
Дали е за осуда да се биде невин во триесетите? Секако дека не е. Но денес се чини како да е сосема необично да се слушне нешто вакво. Девственоста како да не е во мода. Невиноста денес се губи уште во средно училиште, можеби дури и кон крајот на основното училиште.
А според мене тоа е потaжно дури и од недостатокот на нежност и љубов која што им недостига на сите луѓе околу нас. Не сметам ниту дека е добро да се чека во недоглед, бидејќи животот е еден, а сексот е убаво нешто, но нема потреба да се гледа на часовникот. Или да се прави некаков календар. Ако го направите тоа токму тогаш кога и ќе посакате, никаде ниту сте избрзале, ниту сте задоцниле. Барем така мислам јас, или можеби грешам?
Што мислите вие?
Извор:tocka.mk
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тинејџерката Жизел ја продала својата невиност преку Интернет: Не ми се веруваше дека некој толку ќе плати
-
Моника и Лола ја продаваат својата невиност: Цената стигнала до 20 000 евра, а наддавањето се уште не e завршено
-
Надавањето започна: Студентки ја продаваат својата невиност преку интернет
-
Осумнаесетгодишна девојка ја продава невиноста за 100.000 динари