| четврток, 6 декември 2018 |

Бремена мајка и дете загинаа при изралски напад врз Појасот Газа

izrael-udari-gaza-275622
Во израелски воздушен напад врз Појасот Газа утрово загина една бремена Палестинка и нејзината двогодишна ќерка, изјави портпаролот на палестинското Министерство за здравство Ашраф ал Кидра.

Израелскиот напад уследи откако противракетната батерија на „железна купола“ пресретна ракета од Појасот Газа над Ашкелон, јужен Израел.

Израелската армија утрово потврди дека се нападнати две места во кои Хамас произведува оружје во јужниот дел на Појасот Газа.

Во Западниот Брег една Палестинка е потешко повредена откако активирала автомобил-бомба на контролен пункт.

Првпат во новиот бран насилства употребен е експлозив, кој воглавно се состои од вооружени и напади со нож.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top