Соросовите медиуми и СДСМ и денес продолжуваат да ја дефокусираат јавноста преку лажни и измислени текстови.
Овојпат, во политичкиот барабан на лаги и шпекулации на опозициските медиуми најде и македонската армија.
Порталот Либертас објави со акцент екслузивно, информација дека е направена чистка во министерството за одбрана и дека наводно под партиска директива на ВМРО-ДПМНЕ е извршена чистка на позиции во Генералштабот на АРМ на 25 полковници.
Но, реалната слика е сосема различна од лагите кои соросовите медиуми ги протнуваат во јавноста. Имено, не е извршена никаква чистка од страна на Генералштабот, а најмалку партиска како што стои во текстот на Либертас.
Никој не е избркан од работа, а дел од полковниците се пензионирани со исполнување на законските услови и во согласност со НАТО стандардите, што и било претходно најавено, очекувано и е спроведено низ нормална процедура.
Всушност, пензионирањето на полковниците е најавено уште пред официјализирањето на новиот началник на Генералштабот Методија Величковски, така што не станува збор за никаква чистка.
Сите места во АРМ се пополнуваат со квалитетни и професионални кадри кои ги исполнуваат високите критериуми и поминуваат низ процедурите за ангажирање на АРМ согласно НАТО стандарди.
Ширењето на вакви дезинформации и лажни тврдења е уште еден доказ дека оваа соросова група на медиуми се насочени кон целосно уништување на системот, на неосновано критикување на секој што не е нивни кадар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.