Сопругата на најдобриот српски тенсиер Новак Ѓоковиќ, Јелена по долго време отвори свој профил на социјалната мрежа Инстаграм.
За тоа била принудена од бројните лажни профили кои го носат нејзиното име, межу кои ги има и оние кои нејзиниот идентитет го злоупотребиле за претставување на лажни хуманитарни акции и собирање на пари. Во тоа луѓето лесно поверувале бидејќи Јелена е директорка на фондацијата „Новак Ѓоковиќ“.
– Знаењето донесува некои неверојатни работи во нашите животи, а не се добива смао од книгите. Отворете ги очите и умот и ќе ги видите сите можности кои ви се пружаат да научите нови работи – напишала Јелена на Инстаграм.
Втората фотографија ја посветила на една од своите најголеми страсти , спортот, а засега нема фотографија со својот славен сопруг.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.