Две сообраќајни несреќи се случиле во текот на ноќта во Битола при што загинале две лица.
Првата сообраќајќа, како што соопшти СВР Битола, се случила во 3 часот по полноќ на локалниот пат Битола – Могила, кај мостот на реката Шемница. Во сообраќајката учествувале две патнички возила „хјундаи пони“ и „ауди“, а животот го загубил 32-годишниот Пеце К. од Битола.
– Втората сообраќајна несреќа се случи утрово на влезот од битолското село Лопатица каде возачот на патничкото возило „голф 3“ 23-годишниот Валентин С. од Демир Хисар од непознати причини излетал од патот и го загубил животот, изјави Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.
СВР Битола поведе истрага за утврдување на причините на двете сообраќајни несреќи што се случија во општина Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.