Ново обвинение е покренато против момчето на Боби Кристина Браун, која почина во јули по шестмесечна кома. Ник Гордон е обвинет за тоа дека ѝ инјектирал мешавина од отровни материи во телото на партнерката и ја ставил во кадата во која таа беше пронајдена од полицијата во несвест, објави „Ентртејмент онлајн”.
Роднините на починатата девојка ќе го тужат за 10 милиони долари под сомнение дека и ги крадел парите на Боби Кристина додека била во кома. Новото обвинение е покренато од заштитникот на Боби Кристина.
Во претходно варијанта на обвинението, исто така било запишано дека е имало отровен коктел, но не станувало збор за инјекција. Гордон не е уапсен за смртта на неговата девојка.
На 31 јануари ќерката на музичките ѕвезди Витни Хјустон и Боби Браун беше пронајдена во несвест во кадата во својот дом, во кој живееше со Ник Гордон. Тој тврдеше дека ја нашол така и повикал полиција.
Подоцна по телото на Боби Кристина беа откриени сомнителни траги од насилство и започна истрага за тоа дали Гордон ја тепал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Досега невидени снимки од животот на Витни Хјустон: Се снима филм за починатата пејачка
-
И Витни Хјустон не била невина – го изневерувала сопругот со кого ќе стигнела
-
Објавени се резултатите од обдукцијата на Боби Кристина Браун
-
Откриена тајната на смртта на Боби Кристина: брутално претепана и оставена да вреска