Брендот на долна облека “Викторија Сикрет“ крена прашина со фотографија на модел која ја објави на официјалната Фејсбук страна.
Фотографијата е преработена во Фотошоп до таа мерка што моделот кој е на неа не изгледа како човечко суштество, пишуваат светските медиуми.
Јавноста е згрозена со ова потполно непотребно ретуширање, обвинувајќи го познатиот бренд за промовирање на неприроден изглед.
На моделот со помош на Фотошопот и се стеснети колковите, задник речиси и да нема, а рацете изгледаат целосно неприродни.
Најпознатиот бренд на долна облека на овојначин ги губи клиентите, пишуваат странските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.