Припадниците на групата Исламска држава го убија иранскиот воен командант, бригадниот генерал Хосеин Хамедани во предградието на сирискиот град Алепо, соопшти иранската војска.
Иранската елитна Исламска револуционерна гарда ја објави веста за неговата смрт што ја пренесе Сепа њуз.
Хамедани беше воен советник на сириската војска, јави ирански Прес ТВ.
Иран е сојузник на претседателот на Сирија Башар ал Асад. Техеран испрати членови на Револуционерната гарда и воени советници да му помогнат на Асад против бунтовниците кои се борат да го симнат од власт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.