| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец загина паѓајќи од велосипед

mvrСкопјанец загина во сообраќајна незгода на улицата „Борис Трајковски“ во Скопје. Несреќата се случила вчера околу 18:55. Во неа животот го загубил 58-годишниот скопјанец Бранко П. Тој паднал од својот велосипед, при што се здобил со тешки телесни повреди. Веднаш бил пренесен во Ургентниот Центар во Скопје, но им подлегнал на повредите.

ОД МВР велат дека работат на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top