На Германија и требаат 38 илјади нови учители и воспитувачи во детските градинки за подобра интеграција на бегалците во општеството, пресмета синдикатот на учители во земјата.
Според соопштението на синдикатот во кој членуваат околу 270.000 лица, во следната година ќе има околу 300.000 нови ученици како резултат на миграцискиот бран. За нивно прифаќање ќе бидат неопходни дополнителни 24.000 учители. Идната година во градинките ќе бидат запишани околу 100.000 деца на мигранти. Како резултат на што ќе бидат неопходни дополнителни 14.000 воспитувачи.
Образованието е клучен фактор за успешна интеграција на децата на бегалците и на кандидатите за таков статус во Германија“, истакна претседателката на синдикатот на учители Марлис Тепе.
Според Тепе вработените во образовниот систем се подготвени да дадат свој придонес за справување со овој сериозен предизвик, каде според разни проценки годинава во Германија ќе пристигнат меѓу 800.000 и еден милион бегалци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.