| четврток, 6 декември 2018 |

Героски најсериозен кандидат за главен уредник на МТВ?

Името на уредникот на весникот „ Слободен печат“ и координатор на проектот „Портал Плусинфо“ Бранко Героски, е најчесто споменуваното име на преговорите меѓу работните групи за избор на главен уредник на информативната програма на јавниот сервис МТВ, објави „Максим“.

BRANKO-GEROVSKI-565x198

Според информациите на порталот, „најнезависниот“ новинар Героски е најсериозен кандидат за фотелјата на Горан Петрески.

До 15 октомври партиите треба да постигнат договор и за прашањата што се однесуваат на медиумите. Извесно е дека најголем дел од решенија ќе се однесуваат на МТВ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top