| четврток, 6 декември 2018 |

Меј: Да се забрза депортацијата на економски мигранти

мигра

Британската министерка за внатрешни работи Тереза Меј денеска изјави дека Европската унија мора да ја забрза депортацијата на економските мигранти и да се „справи“ со луѓето кои го кршат азилантскиот систем.

Таа, по пристигнувањето во Луксембург, каде се одржува дводневниот состанок на министрите за внатрешни работи на 28. земји-членки на ЕУ за мигрантската криза, истакна дека наместо да расправаат за преселување на бегалците низ Унијата треба да разговараат за враќање на „економските мигранти“ во земјите од каде потекнуваат.

– Мора да обезбедиме прекин на врската меѓу луѓето кои тргнуваат на опасниот пат кон Европа и тие кои можат да останат во Европа. Велика Британија има добри резултати во таа област и сака да види напредок и во Европа. Подготвени сме тоа да го поддржиме- посочи Меј.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top