Козите не се познати по нивната интелигенција, но природата им ја подарила мајсторијата за камуфлажа. На прв поглед изгледа како ова да е само фотографија од куп камења, но не е.
Фотографирана на планината Монт Еванс во Колорадо, оваа фотографија во себе крие и една дива коза, пренесува „Мирор“.
„Забележав движење меѓу карпите и тогаш ја видов. Направив неколку фотографии, но ретко на која од нив се гледа козата на прв поглед. Аматерски фотограф сум веќе 30 години, но никогаш не сум видел вакво нешто – изјави Ентони Tипул, кој го овековечи овој поглед.
Можете ли да ја најдете?
Таа се крие овде
Доколку се уште имате проблеми да ја видите:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.