| четврток, 6 декември 2018 |

Првиот човек на ФИФА се соочува со привремена суспензија

sep blaterПретседателот на ФИФА во заминување, Сеп Блатер се соочува со тримесечна суспензија, откако Етичкиот комитет на Светската фудбалска организација препорача санкција, по решението на швајцарското обвинителство за покренување кривична постапка против 79-годишниот Блатер.

Тој е обвинет за потпишување договор кој е оценет како „неповолен“ за ФИФА, како и за спроведената „нелојална исплата“ за актуелниот претседател на УЕФА, Мишел Платини.

Блатер ги отфрла обвинувањата и тврди дека не сторил ништо лошо и спротивно на прописите, додека неговите адвокати изјавија дека не бил информиран за ниту една од акциите во и надвор од организацијата.

Претседателот на УЕФА, Платини, кој најави дека ќе се кандидира за наследник на Блатер, исто така, ги отфрли обвинувањата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top