| четврток, 6 декември 2018 |

Унгарија по три недели го враќа возот во Хрватска

хрват

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ на прес-конференција со унгарскиот претседател Јанош Адер, изјави дека е постигнат договор за враќање на хрватскиот воз на територија на Хрватска.

– Ако хрватската Влада не знаела за оваа посета на Унгарија, тоа е нивен внатрешен проблем, бидејќи советникот за надворешна политика на премиерот Зоран Милановиќ за тоа е известен пред еден месец, рече денеска во Будимпешта Грабар-Китаровиќ.

– Посетата на Унгарија е насочена токму на решавање на односите меѓу двете соседни и пријателски земји. Toa се решава со студени глави со меѓусебно почитување, истакна таа.

Унгарскиот претседател сите ги изненади на прес-конференцијата кога на прашањето дали Унгарија ќе покаже добра волја и наскоро ќе го врати возот на Хрватска што во Унгарија е веќе три седмици, велејќи дека прашањето „го изненадило, бидејќи сметал оти возот веќе одамна е вратен во Хрватска“.

– Но уверен сум дека тоа брзо ќе се реши и тоа да биде најголем проблем во односите меѓу Хрватска и Унгарија во иднина, рече Адер.

Во врска со мигрантската криза, Китаровиќ рече дека треба јасно да се разликуваат бегалците, на кои им е потребна заштита и хуманитарна помош, од економските имигранти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top