„Тежок“ живот има Кристијано Роналдо. Воопшто не му е лесно, се „мачи“ човекот.
Веднаш по завршувањето на градското дерби против Атлетико, тој со својот приватен авион се упати во Португалија каде им се приклучи на подготовките на националниот состав за квалификациите за ЕП.
Роналдо сподели неколку приватни фотографии на социјалните мрежи за своите верни фанови.
– Патувам сам .. ахах – стои во описот на објавите.
Во четврток Португалија ќе ја пречека селекцијата на Данска, а потоа гостуваат во Србија. На Португалците им е потребен само еден бод за да се пласираат на Европското првенство во Франција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.