Страгеот на Милан Синиша Михајловиќ, „преживеа“ на клупата на Милан по состанокот со првиот оперативец на тимот, Адриајно Галијани, но доби ултиматум.
По дебаклот на „Сан Сиро“ од Наполи од 0-4, српскиот тренер бил повикан на разговор со Галијани по консултација со претседателот Силвио Берлускони.
Галијани му соопштил на Михајловиќ дека и понатаму ја има довербата од раководството на „росонерите“, но таа мора да ја оправда во најбрз можен рок, односно во следните три кола.
Тој добил ултиматум дека мора да освои миниум седум бодови на натпреварите против Торино, Сасуоло и Кијево.
По репрезентативната пауза, во која Михајловиќ ќе има можност да направи многу корекции во својот тим, Милан го очекуваат дуелите со Торино на гости и со Сасуоло и со Киево на домашен терен. Со тоа тој ќе се обиде да го смири незадоволството кја навивачите и да ја оправда довербата од управата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Новиот сопственик на Милан под истрага, ќе се испитува продажбата на клубот
-
Италијански медиуми: Пепе Реина од следната сезона ќе го брани голот на Милан
-
Милан тргна по Бразилецот Линколн, нуди 30 милиони евра за фудбалерот на Фламенго
-
Гатузо задовоен по победата над Рома: Сега личиме на вистински тим