| четврток, 6 декември 2018 |

Поцрвене Брегалница

По течението кај Штип, вторпат за само неколку дена, водата во реката е црвена, а третпат е со сменета боја, објави „Канал 77“.

Неодамна, според сведочењето на жителите на Ново Село, реката добила темна боја, речиси црна. Црвенилото во реката е видливо од населбата Македонка, каде е колекторот, но и неколку индустриски капацитети, меѓу кои и фабриката „Јагјамезлер“. Еколошки инспектор излегол на терен и земал мостри, по што ќе биде појасно зошто и кој ја обои Брегалница.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top