| четврток, 6 декември 2018 |

Жестока критика: Блогот „Дејли мејл“ распука по српските реални шоу програми

Тажно е тоа што Србија не зборува за Никола Тесла, туку за криминалци, старлети и за неинтелигентни луѓе.

Screenshot_1

Стефан Поповиќ, Србина од Австралија, напишал жестока критика на неговиот популарен блог „Дејли мејл“ посветен на српските реални шоу-програми. Тој упати жестоки критики за „Фарма“, „Парови“, „Големиот брат“.

„Самиот термин риалити значи гледање на необразовани луѓе кои со часови се расправаат и уште за тоа се платени. На програмите гледаме комбинација на осудени криминалци, наркомани, старлети и жени кои имаат коефициент на интелигенција како бројот на нивните градници. Личноста која има прекар Тија Ајфон, веројатно така се претставува бидејќи целата е од пластика. Го имаме Кристијан Голбовиќ осуден дилер на дрога. Тука е и Станија Добројевиќ, српската Парис Хилтон, без интелигенција и светска слава, која е позната по тоа што е позната. Тажно е што не му даваме на значење на Никола Тесла кој го ‘запали’ светот, додека од другата страна им посветуваме внимание на личностите кои се попаметни само од сијалицата во солариум. Сепак, реалноста во Србија е поинаква од онаа во Малдиви, каде на одредена група луѓе им е платен пат до егозитичен остров, или од онаа на Фарма, каде натпреварувачите имаат бесплатен престој  и храна и на крајот на неделата добиваат чек за тоа што седат и не прават ништо“.

спојка

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top