Уредниците на енциклопедијата на интернет „Википедија“ забранија цитирање на „Дејли мејл“ во своите текстови, со оцена дека станува збор за недоверлив медиум.
Во образложение се вели дека станува збор за медиум што има лоша репутација бидејќи не ги проверува фактите, се занимава со сензационализам и фабрикува информации.
На соработниците кои креираат содржина за онлајн-енциклопедијата им е испратено упатство во кои стои дека наместо информации од „Дејли мејл“ во иднина да користат доверливи извори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.