Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска полни 63 години. Toj по традиција и денес ги извршува службените обврски, и се наоѓа во работна посета на Сочи, соопштува РИА Новости.
Денес тој ќе биде на мразот заедно со познатите хокеари и учесници во Ноќната хокеарска лига. Исклучок од работниот распоред претседателот на Русија направи минатата година, кога на 7 октомври си зеде ден одмор и својот роденден го помина во сибирската тајга.
Владимир Владимирович Путин е роден на 7 октомври 1952 година во Ленинград, денешен Санкт Петербург.
Тој го менува Борис Елцин и станува привремен претседател на Русија на 31 декември 1999г. Неколку месеци подоцна на 7 мај 2000 година победува на изборите, а во 2004 година е реизбран за втор мандат.
Во 2008 година тој е сменет од Дмитриј Медведев, претседател на Русија, роден на 14 септември 1965 година, а Путин е назначен за премиер на Русија.
Во 2012 година Путин повторно победи на претседателските избори и од 7 мај 2012 година, трет мандат е претседател на Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.