Криминални групи, од кои некои поврзани со агенцијата наследник на советскиот Комитет за државна безбедност (КГБ), раководат со црниот пазар на нуклеарни материјали во Молдавија.
Властите во Молдавија, кои заедно работеле со американското Федерално истражно биро (ФБИ), во последните пет години спречиле четири обиди на групи, кои наводна биле поврзани со Русија, да продадат радиоактивни материјали на екстремисти од Блискиот исток.
Последниот таков случај бил од февруари оваа година, кога шверцер нудел големо количество на цезиум со многу високо ниво на радиоактивност, обидувајќи се да се поврзе со купувач од групата Исламска држава (ИД).
Полицијата во Молдавија и судските власти ги споделиле документите од истрагата за овој случај со некои западни медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.