| четврток, 6 декември 2018 |

11. фестивал на германски филм

Под мотото „Сакам филм“ (Ich liebe film) ќе бидат прикажани десет актуелни германски продукции од минатото и од оваа година во десет македонски градови.

Фестивалот ќе биде отворен на 14 октомври во 19 часот во киното „Милениум“ со проекција на филмот „Роден во болка“.

Турнејата на германските филмови, пак, ќе почне на 8 октомври во Прилеп, а потоа следуваат Битола, Охрид, Куманово, Тетово, Велес, Кавадарци, Штип и Струмица. Филмовите може да се видат во оригинал на германски јазик, со македонски поднаслови, а во Тетово на албански јазик.

6448_081014145503155_1056x702

-Изборот прикажува пресек на широка палета на германската кинематографија, поддржани со јавни сретства. Сите филмови имаат добиено награди. Историскиот филм „Љубените сестри“ е номиниран за Оскар во категоријата „најдобар странски филм“, рече Амбасадорката на Германија во Македонија, Кристине Алтхаузер.

Преку филмовите на 11. издание публиката ќе може да ја доживее Германија, нејзината култура, историја и општество. Филмовите се разнолики исто како и животот, а дејствијата се одвиваат во Германија, но пораките се универзални за сите гледачи, велат организаторите.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top