| четврток, 6 декември 2018 |

Цело село ќе премине во Ислам, поради кавга со попот

Мештаните на српското село Шопич лути на локалниот парох, кој сака да им ја руши селската црква, напишаа протесно писмо до патријархот Иринеј.

Во ова писмо го молат патријархот да им помогне, доколку тоа не се случи тие се закнуваат дека колективно ќе преминат во ислам.

– Ако не ја добиеме поддршката , која ја очекуваме како верници, ќе бидеме принудени да, Бог нека ни прости, преминеме колективно во Ислам како според законите на Република Србија би добиле подобра заштита за нашите имоти и како нашите стари маченици на тој начин ќе го чуваме нашиот Господ Исус Хрсистос во срцата, а на глава ќе ставиме било која капа која нас ќе ни овозможи да ги заштитиме нашите црковни богатства, пишува во писмото кое мештаните го испратиле до патријархот Иринеј.

Неволјите на селаните започнале по тешкото невреме кое пред неколку месеци го зафатило нивниот крај. Наместо оштетената црква, инаку стара 150 години, да се поправи, нивниот парох сака да ја руши.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top