| четврток, 6 декември 2018 |

Почнуваат преносите на новата балетска сезона во „Бољшој“ на големото платно во „Синеплекс“

По третпат, „Бољшој“ се враќа на големото платно во „Синеплекс“ со седум балети, вклучувајќи четири преноси во живо и три снимени претстави! Сезоната 2015/16 година на „Бољшој“ почнува на 11 октомври со балетот „Жизел“ (Јуриј Григорович).

Giselle_2

Трета година по ред уживајте во извонредни сателитски преноси во живо („Жизел“, „Дамата со камелии“, „Скротување на фуријата“, „Дон Кихот“) и три снимки од величенствените класици („Бесценети камења“, „Оревокршачка“ и „Спартакус“).
Најголемите имиња од светот на балетот, како Светлана Закарова, Дејвид Халберг, Олга Смирнова и Денис Родкин, ќе продефилираат на московската бина пратени од членови на болшоевиот ансамбл.

Giselle_3

„Бесценети камења“ на Џорџ Баланшин ќе биде прикажана на 8 ноември, повод кој не смее да се занемари. „Бољшој“ е единствената компанија овластена од фондацијата Баланшин за прикажување на овој балет во кината во светот.
Новата продукција на „Дамата со камелии“ од Џон Нојмаер (6 декември) ќе биде презентирана во живо, по која ќе следува безвременската „Оревокршачка“ (20 декември) во верзија на Јуриј Григорович со неговата уникатна смисла за романтизмот и филозофската рефлекција. Долгоочекуваната „Скротување на фуријата“ изведена од кореографот Жан Кристоф Мајо ќе биде емитувана во живо на 24 јануари, по која ќе следи „Спартакус“ на Јуриј Григорович (13 март), особен белег на оваа руска компанија, која е единствениот балет што може да го прикажува во кината.
Сезоната ќе ја затвори „Дон Кихот“ во верзијата на Алексеј Фадејечев (10 април) емитувана во живо, есенцијален балет на репертоарот на „Бољшој“ со нови групи изведувачи и костуми.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top