Со македонскиот шоумен Игор Џамбазов се сретнавме во неговиот дом. Друштво ни правеше неговата мачка, популарната „писателка“ Емилија Џамбазова Бавчанска. Се смеевме за сите муабети што кружат низ градот, особено за оние муабети поврзани со него, во периодот на операциите на неговите нозе… Ниту добил срцев напад, ниту мозочен удар, ниту бил пијан и удрил во семафор со автомобил, а уште помалку издрогиран… Вистината е една, но секој си имаше своја приказна за она што му се случува на Џамбазов…
А што му се случува сега на Џамбазов?! Здрава храна, вежбање во сала, организација на концерт, привршување на нова книга која ќе биде во продажба пред крајот на годината…
-Концертот ќе се одржи на 26 декември во „Метрополис арена“, под наслов „Џамбо фестивал“. Ќе трае шест часа, ќе има гости-бендови, сите бендови со кои сум настапувал и настапувам. Ќе има женски хор и неколку мултиталентирани луѓе, инструменталисти, за кои никој во Македонија не слушнал, а се светски праваци во хармоника… – вели Џамбазов во интервјуто за „Република“ кое ќе биде објавен во Неделникот Република во петок, 9 октомври.
Тој вели дека „Метрополис арена“ ќе биде гнездо на подзаборавена македонска култура.
Неколку дена пред концертот ќе излезе и неговата книга „Умрен човек“. Книгата својот наслов го добила уште на почетокот на годината, а не откако настанал здравствениот проблем.
Целото интервју прочитајте го во петок, во Неделникот Република.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.