И писателите имаат тајни, без разлика колку се популарни како личности или колку книги имаат напишано, односно продадено, пишува „Црно бело“. Некои од нив имале чудни навики.
Чарлс Дикенс, авторот на „Оливер Твист“ и „Големите очекувања“ создавал светови каде што добрите луѓе секогаш биле наградувани за своите дела. Но, надвор од тој свет, тој всушност сакал да гледа во мртви тела, поради што бил чест посетител на мртовечницата во Париз.
Авторката Луиза Меј Алкот, позната по својот роман „Малите женички“, пишувала приказни за деца со цел да заработи многу пари, па малку е иронично што во својата книга пишувала за жени кои не сакале да станат богати.
Фамозниот Џ.Р.Р.Толкин, креаторот на трилогијата „Господарот на прстените“ и „Хобитот“, станал популарен во 60-тите години меѓу хипи движењето. Тие ги сакале неговите дела бидејќи зборувале, меѓу другото, за враќањето на природата. Толкин, од друга страна, не ги сакал хипиците, ги сметал за безнадежен и тажен култ.
Џејмс Џојс, ирскиот писател, познат по своите романи „Улис“ и „Даблинци“, и по својот експериментален пристап наречен „состојба на свеста“, бил зависник од секс, а исто така и бил опседнат со својата девојка Нора.
Роалд Дал, еден од најпопуларните и најпродаваните британските автори на сите времиња, пишувал многу класични книги за деца, како што се „Чарли и фабриката за чоколадо“ и „Матилда“. Сепак, тој не започнал со пишување приказни за деца. Неговите први дела се приказни кои вклучуваат седумметарски пениси, па дури и во детските книги, постојат теми на насилство и ужас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.