По ремито во „Мерсисајд“ сега веќе поранешниот менаџер на Ливерпул, Бреднон Роџерс експресно доби отказ, а своето незадоволство за вакиов потег на управата на „црвените“ искажа и Арсен Венгер, тренерот на АРсенал кој има најголем стаж во Премиерлигата. Тој жали за отказот на Роџерс, притоа испраќајќи низа пофалби за неговата работа.
– Секогаш сум тажен кога некој менаџер од Премиер лигата ќе добие отказ. Мислам дека Роџерс е квалитетен тренер и штета што доби отказ. Немаше среќа да ја освои титулата во англиското првенство, му посакувам се најдобро, и се надевам дека ќе најде нова работа наскоро – изјави Венгер.
После овој нерешен резултат, Ливерпул се наоѓа на десеттата позиција на табелата во Премиер лигата, а во следното коло по паузата за репрезентативни настапи, гостува на „Вајт Харт Лејн“ кај Тотенхем.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.